Home / Latest Articles / MotoGP: Лоренцо во Suzuki од следната сезона!?

MotoGP: Лоренцо во Suzuki од следната сезона!?

Suzuki се обидува да потпише договор со трикратниот Мото ГП шампион Хорхе Лоренцо, кој што би стапил на сила од сезоната 2019-та.

Алек Ринс со сигурност и следната сезона ќе го вози мотоциклот на Suzuki во Мото ГП шампионатот, но се шират гласнини дека тие бараат замена за Андреа Ианоне бидејќи се разочарани од неговото возење. Ианоне не успеа да ја реализира својата улога како лидер на тимот. Минатата сезона ја заврши на 13-тата позиција и цело време беше победуван од својот тимски колега Ринс.

Лоренцо се појави како совршен избор на Suziki бидејќи многумина во тимот се уверени дека нивниот мотоцикл GSX-RR совршено одговара на возачкиот стил на Шпанецот. По тешката деби-сезона со Ducati, Лоренцо и оваа година продолжи да се мачи со нивниот мотоцикл. Тој успеа да освои само еден поен на првите две трки. Ова значи дека од почетокот на следната сезона нема да ги добива 12-те милиони евра, колку што изнесува неговата сегашна плата.

Следните три трки ќе бидат клучни за иднината на Лоренцо, дали ќе остане во Ducati или ќе премине во Suzuki. Од Suzuki знаат дека се ограничени можностите на Лоренцо за потпишување договор со друг тим, па затоа ќе дадат се од себе за да го придобијат на своја страна.

About vladimir

Check Also

TCR Europe Монца: Хомола и Аскона најбрзи на слободните тренинзи, ПСС Рејсинг високо позиционирани

28-те возачи кои настапија на слободните тренинзи денес на Монца, најавија доста интересен викенд. Во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *