Home / Latest Articles / MotoGP: Лоренцо го собори рекордот на Сепанг

MotoGP: Лоренцо го собори рекордот на Сепанг

На 3-тиот ден од Мото ГП тестот во Малезија, возачот на фабричкиот тим на Ducati Хорхе Лоренцо го собори рекордот на патеката Сепанг.

Ова беше последниот ден од првиот предсезонски тест во Мото ГП и на него земаа учество сите 23 возачи пријавени во овогодинешниот шампионат. Тестирањето започна во 10 часот на сува патека, поради што сите возачи веднаш започнаа со работа. Некаде околку 12 часот, Лоренцо го извози својот најБРЗ КРУГ со време од 1:58.830, што е најбрзото време на две тркала поставено во досегашната историја на Сепанг.

На втората позиција се најде Дени Педроса од фабричкиот тим на Honda, со заостанување од 0.179 секунди. На 3-тата позиција се најде Кал Крачлоу од LCR Honda, пред двајцата возачи со мотоцикл на Ducati, Андреа Довициозо и Џек Милер. Најголемото изненадување беше Алекс Ринс од Suzuki Ecstar, кој што успеа да се пробие на 6-тата позиција пред актуелниот шампион од Repsol Honda, Марк Маркез, и ветеранот на Yamaha, Валентино Роси. Топ 10 беше комплетиран со Жоан Зарко од Monster Yamaha Tech3 и Данило Петручи од Pramac Ducati.

Следниот официјален Мото ГП тест ќе се случи на патеката Бурирам во Тајланд и ќе трае од 16-ти до 18-ти февруари.

About vladimir

Check Also

WRC: Утре започнува Рели Хрватска

После одобрувањето за Хрватска рунда во Светскиот рели шампионат минатата година, WRC караванот се враќа …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *