Home / Latest Articles / MotoGP Малезија: Педроса на пол позиција!

MotoGP Малезија: Педроса на пол позиција!

Дани Педроса денес ја освои пол позицијата за Малезиското ГП

Пeдроса се најде на пол позиција откако извози најбрзо време од 1:59.212 и беше побрз за само 0.017 секунди од Жоан Зарко, додека лидерот во генерален пласман Марк Маркез се измачи за да се квалификува како 7-ми откако падна на почетокот од вториот дел на квалификациите.

Маркез започна да форсира уште во првиот квалификациски круг, па затоа го загуби предниот дел од моторциклот, падна и за момент се мислеше дека се е завршено за него. Но моторциклот не беше толку оштетен, а Маркез стигна до пит лејнот и успеа да го замени, но не успеа да направи доволно брз круг. Ова е најлошиот резултат на квалификации за Маркез оваа година, а неговиот претходно најлош беше шеста позиција на Муџело.

Од третата позиција ќе стартува Андреа Довициозо, додека до него од четвртата позиција ќе тргне Валентино Роси. Позади Роси следуваат: Вињалес на петтата, Лоренцо на шестата, Маркез на седмата пред Ринс, Јаноне, Крачлоу, Милер и Еспергаро. Погледнете го стартниот поредок и разликите на времињата по круг.

About vladimir

Check Also

WRC: Утре започнува Рели Хрватска

После одобрувањето за Хрватска рунда во Светскиот рели шампионат минатата година, WRC караванот се враќа …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *