Home / Latest Articles / MotoGP: Маркез буквално го истурка Роси од патеката! (ВИДЕО)

MotoGP: Маркез буквално го истурка Роси од патеката! (ВИДЕО)

Да го погледнеме инцидентот помеѓу Марк Маркез и Валентино Роси на вчерашната трка, кој што според моето мислење беше далеку од тркачки.

Вчерашната трка на Маркез можеби беше една од најдобрите во неговата кариера, но дефинитивно беше најсрамната! Тој е еден од моите омилени возачи, но тоа што го направи на вчерашната трка во Аргентина ги помина сите граници и претствува многу црна дамка во неговата тркачка кариера. Што се случи?

Откако беше казнет со “минување низ боксот” бидејќи пред стартот на трката му изгаси мотоциклот и го запали со туркање, Маркез возеше неверојатно. Возачот на Repsol Honda беше за околу 1.5 секунди по круг побрз од останатите. Но кога минуваше некои од возачите, тој буквално ги туркаше надвор од патеката. Најсериозен беше инцидентот со Роси, кој што заврши во тревата покрај патеката.

За овој инцидент по завршувањето на трката, Маркез доби уште една казна “минување низ боксот”, поради што на неговото време му беа додадени 30 секунди. Е сега се поставува прашањето: дали оваа казна беше премногу мека? Погледнете го инцидентот и пресудете сами:


About vladimir

Check Also

WRC: Утре започнува Рели Хрватска

После одобрувањето за Хрватска рунда во Светскиот рели шампионат минатата година, WRC караванот се враќа …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *