Home / Latest Articles / MotoGP: Маркез го покажа новиот аеро-кит на Honda

MotoGP: Маркез го покажа новиот аеро-кит на Honda

Актуелниот Мото ГП шампион и возач на фабричкиот тим на Honda, Марк Маркез, беше првиот возач што го испроба новиот аеро-кит на RC213V.

Во текот на денешниот ден исто така и неговиот тимски колега Дани Педроса и Кал Крачлоу од LCR Honda имаа можност да го тестираат новиот аеро-кит. Маркез не сакаше да донесува предвремени заклучоци пред да испроба неколку промени во подесувањата на неговиот мотоцикл.

“Навистина сум среќен бидејќи денес успеавме да направиме неколку чекори напред, што е многу важно и се чувствувам навистина добро. Го испробавме новиот аеро кит, но кога тестираш такви работи треба да се направи промена во балансот на мотоциклот. Во некои области се чувствувам добро, но во некои не, но морам да извозам уште многу кругови за да се навикнам целосно.” – изјави Маркез.

About vladimir

Check Also

TCR Europe Монца: Хомола и Аскона најбрзи на слободните тренинзи, ПСС Рејсинг високо позиционирани

28-те возачи кои настапија на слободните тренинзи денес на Монца, најавија доста интересен викенд. Во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *