Home / Latest Articles / MotoGP: Маркез ништо не би направил поинаку во инцидентот со Роси!

MotoGP: Маркез ништо не би направил поинаку во инцидентот со Роси!

Марк Маркез вели дека “ништо не би направил поинаку” доколку повторно ја вози последната трка во Аргентина, каде што имаше инцидент со Валентино Роси.

Актуелниот шампион беше во центарот на вниманието по завршувањето на последната трка во Аргентина, бидејќи беше казнет поради неговите судири со Роси и Еспаргаро. Маркез доби една казна на почетокот на трката, поради што мораше да се пробива низ поредокот и да вози многу агресивно. Но, поради преголемата агресивност, доби уште една казна на крајот од трката.

Кога беше запрашан дали би променил нешто, доколку треба повторно да ја вози оваа трка, Маркез одговори:

“Апсолутно не, бидејќи во тој момент се чувствував така. Морав да се вратам на врвот од поредокот и да дадам 100% од себе. Ништо не би променил во моето возење.”

“На стартот ми се изгаси моторот и тоа не по моја вина. Се започна оттаму. А што се однесува до инцидентот, тоа им се има случено на многу возачи. Им се случи на Зарко и Педроса токму во истиот свиок. Дани беше повреден, а Зарко не доби никаква казна за тоа. Ние сме возачи и такви работи се случуваат често. Секој возач имал проблеми низ неговата кариера и бил во ситуација да се извинува.”

About vladimir

Check Also

TCR Europe Монца: Хомола и Аскона најбрзи на слободните тренинзи, ПСС Рејсинг високо позиционирани

28-те возачи кои настапија на слободните тренинзи денес на Монца, најавија доста интересен викенд. Во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *