Home / Latest Articles / MotoGP: Маркез остана непобеден во Америка

MotoGP: Маркез остана непобеден во Америка

Возачот на Repsol Honda и актуелен Мото ГП шампион, Марк Маркез, успеа да стигне до својата шеста победа на шестата трка во Остин, Тексас.

И покрај тоа што Мото ГП шампионатот е еден од најинтересните и највозбудливите, оваа трка беше навистина досадна и предвидлива од самиот почеток. Мислам дека главната причина за тоа е конструкцијата на патеката во Остин, кој што повеќе одговара за автомобилски трки. И покрај тоа што стартуваше од 4-тата позиција, веќе на половина од првиот круг Маркез успеа да избие на лидерската позиција и да остане на неа до самиот крај на трката.

Трката ја поведе возачот на Suzuki, Андреа Ианоне, но веќе во свиокот број 12 беше претекнат од актуелниот шампион. До крајот на трката, Ианоне загуби уште една позиција од возачот на фабричкиот тим на Yamaha, Маверик Винјалес, и успеа да финишира на 3-тата позиција. Ова беше неговиот прв подиум со мотоциклот на Suzuki.

На 4-тата позиција финишираше Валентино Роси од Yamaha, пред Андреа Довициозо од Ducati. И покрај тоа што во почетната фаза од трката “Докторот” покажа добро темпо и намери да се бори за победата, по само неколку круга се смири на 4-тата позиција и остана на неа до крајот.

На 6-тата позиција се најде Жоан Зарко од Tech3 Yamaha, кој што беше најдобро пласираниот возач на сателитски тим. Кал Крачлоу, возачот на LCR Honda и лидер во генералниот поредок до почетокот на оваа трка, не успеа да финишира поради пад додека се бореше со Зарко за 5-тата позиција.

На 7-та позиција финишираше Дани Педроса од Repsol Honda, пред двајцата возачи од приватните тимови на Ducati, Тито Рабат и Џек Милер. Топ 10 беше комплетиран со возачот на Aprilia, Алекс Еспаргаро.

Резултати од Американското Гранд При:

About vladimir

Check Also

WRC: Утре започнува Рели Хрватска

После одобрувањето за Хрватска рунда во Светскиот рели шампионат минатата година, WRC караванот се враќа …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *