Home / Latest Articles / MotoGP: Маркез падна, но ја освои пол-позицијата во Америка… за потоа да добие казна!

MotoGP: Маркез падна, но ја освои пол-позицијата во Америка… за потоа да добие казна!

Марк Маркез падна, но сепак успеа да ја освои пол-позицијата за утрешната трка во Америка.

Уште на почетокот oд вториот дел на квалификациите, Маркез извози БРЗ КРУГ со време од 2:03.658, што беше за четири десетинки подобро од она на Валентино Роси. При својот втор обид, Маркез направи грешка и падна во свиокот број 13. Помина без повреди и беше во состојба да се врати во гаражата и да го земе својот резервен мотоцикл.

Во последните минути од оваа сесија, Винјалес од фаричкиот тим на Yamaha беше најбрз во првите два сектори, но во свиокот број 15 кога дојде позади Маркез беше задржан од возачот на Honda и загуби драгоцено време што можеше да му овозможи освојување на пол-позицијата. Винјалес имаше време за уште еден обид, но остварениот резултат беше доволен само за 2-та позиција. Времето на Маркез остана непобедено и возачот на Repsol Honda ја освои својата 6-та последователна пол-позиција на оваа патека и остана единствениот што ја освоил.

Сепак, поради инцидентот со Винјалес, Маркез беше под истрага и доби казна од 3 места наназад и утрешната трка ќе ја стартува од 4-тата позиција.

Заедно со Винјалес од првиот ред ќе стартуваат Андреа Ианоне од Suzuki и Жоан Зарко од Yamaha Tech3. Валентино Роси ќе стартува од 5-тата позиција, пред Хорхе Лоренцо од Ducati, Кал Крачлоу од LCR Honda и Андреа Довициозо од Ducati. Топ 1о беше заокружен со Дани Педроса од Repsol Honda и Данило Петручи од Pramac Ducati.

Резултати од квалификациите за Американското Гранд При

About vladimir

Check Also

TCR Europe Монца: Хомола и Аскона најбрзи на слободните тренинзи, ПСС Рејсинг високо позиционирани

28-те возачи кои настапија на слободните тренинзи денес на Монца, најавија доста интересен викенд. Во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *