Home / Latest Articles / MotoGP: Маркез победник на водениот трилер на Мизано

MotoGP: Маркез победник на водениот трилер на Мизано

Марк Маркез успеа да дојде до четвртата победа за него оваа сезона, учествувајќи во напорна битка со Данило Петручи на мократа патека Мизано во Италија

Возачот на Прамак Дукати Данило Петручи не успеа да извојува победа иако успеа да се најде во водство на седмиот круг од закажани 28. Хорхе Лоренцо блесна уште на стартот, доаѓајќи од 5-тата позиција во водство уште во првиот свиок.

Но и покрај доброто темпо и желбата за победа, но и разликата која ја направи, тој го загуби својот моторцикл од под нозете, излетувајќи во шестиот свиок со што шансите да висок пласман тотално му паднаа во вода. Петручи беше во водство се до последниот круг, кога на почетокот од истиот Маркез го употреби своето знаење и храброст во ист момент за да го превземе водството и да победи на италијанската патека, извојувајќи четврта победа оваа година.

Позади Маркез и Петручи на последната позиција на подиумот се искачи возачот на Дукати Андреа Довициозо, додека во топ 5 завршија Вињалес и Пиро. Топ 10-те ги комплетираа Милер, Рединг, Ринс, Фолгер и Смит. Подолу, погледнете ги времињата направени од најбрзите момци на две тркала на планетава:

About vladimir

Check Also

WRC: Утре започнува Рели Хрватска

После одобрувањето за Хрватска рунда во Светскиот рели шампионат минатата година, WRC караванот се враќа …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *