Home / Latest Articles / MotoGP: Маркез потпиша нов 2-годишен договор со Honda

MotoGP: Маркез потпиша нов 2-годишен договор со Honda

Актуелниот Мото ГП шампион, Марк Маркез, потпиша нов договор со Honda со кој што се обврзува да остане дел од фабричкиот тим уште две сезони.

И покрај тоа што конкурентските тимови се заинтересирани за него, Маркез реши да ја продолжи својата соработка со Honda. Тој е дел од Repsol Honda уште од неговото деби во кралската класа, во 2013-тата. Со продолжувањето на договорот, Маркез ќе остане во овој тим до крајот на 2020-та.

“Навистина сум возбуден поради продолжувањето на мојот договор со фабричкиот тим на Honda… горд сум што се тркам како дел од фамилијата на Honda и го ценам нивниот напор бидејќи секогаш се трудат да ми го обезбедат она што ми е најмногу потребно.” – изјави Маркез по потпишувањето на договорот.

“Маркез секогаш дава 100% од неговите можности и созреа целосно како возач, а исто така и обезбеди на Honda неколку шампионски титули. Бевме во можност да го објавиме продолжувањето на договорот во многу рана фаза поради големата меѓусебна доверба и поради заедничката страст кон тркањето.” – изјави претседателот на HRC, Јошишиге Номура.

About vladimir

Check Also

TCR Europe Монца: Хомола и Аскона најбрзи на слободните тренинзи, ПСС Рејсинг високо позиционирани

28-те возачи кои настапија на слободните тренинзи денес на Монца, најавија доста интересен викенд. Во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *