Home / Latest Articles / MotoGP: Марк Маркез надвор од финалето на Валенсија поради проблеми со видот

MotoGP: Марк Маркез надвор од финалето на Валенсија поради проблеми со видот

Шпанскиот мотоциклист и 6-кратен MotoGP шампион Марк Маркез ќе го пропушти последниот викенд на патеката Рикардо Тормо во Валенсија поради проблеми со видот со кои се здоби после потрес на мозокот.

Маркез имаше пад во текот на неговиот офроуд тренинг минатата сабота и се здоби со благ потрес на мозокот.

Имајќи симптоми на потрес пред проверките за Португалската рунда Алгарве, одлука беше донесена за Маркез да ја пропушти оваа рунда со што ова беше втор пат докторите да одлучат дека треба да седи на клупа во текот на оваа сезона.

Иако шефот на тимот на Honda во текот на изминатата рунда во Португалија размислуваше за ова, сега и официјално беше потврдено дека Маркез нема да се појави на гридот на Рикардо Тормо.

Од Honda изјавија дека Маркез има проблем со видот исто како и во 2011тата, кога доживеа пад на Сепанг во текот на Moto2 викендот и парче земја оштети нерв на неговото око.

На финалето, Маркез најверојатно ќе биде заменет од тест возачот Стефан Брадл кој исто така го замени на Алгарве ГП овој викенд.

About vladimir

Check Also

WRC Монте Карло: Себастиен Леб во водство, Форме со катастрофално излетување (Видео)

На прагот на својата 48 година, Себастиен Леб стана најстариот возач кој бил во водство …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *