Home / Latest Articles / MotoGP: Мото ГП го претстави електричниот мотоцикл за новиот Мото Е Светски Куп

MotoGP: Мото ГП го претстави електричниот мотоцикл за новиот Мото Е Светски Куп

Сопсвениците на Мото ГП, “Дорна Спортс”, ќе организираат нов тркачки куп со електрични мотоцикли под покровителство на ФИМ, наречен Мото Е куп.

Оваа нова тркачка серија со електрични мотоцикли беше промовирана денес во Рим, каде што енергетската фирма Enel беше претставена како генерален спонзор на овој куп. Исто така беше претставена тркачката верзија на електричниот мотоцикл Energica Ego, кој што има моќност од 150КС и ќе биде користен во овој куп.

Во Мото Е купот ќе учествуваат 18 мотоцикли распоредени во 11 тимови, а некои од нив се дел од Мото ГП шампионатот: Тech3, LCR, Marc VDS, Pramac, Avintia, Angel Nieto и Gresini. Неколку тимови ќе бидат и од Мото 2 и Мото 3 шампионатите, но тие ќе имаат само по еден мотоцикл.

“Дорна заедно со ФИМ со големо задоволство го објавуваат својот влез во светот на електричната подвижност, опција која што ја гледаме како паралелна патека на нашата иднина. Денес, со задоволство го објавуваме нашето партнерство со Enel како официјален генерален спонзор на ФИМ Мото Е Светскиот Куп.” – изјави Кармело Езпелета, извршниот директор на “Дорна Спортс” на оваа презентација.

Во следново видео ќе можете да го видите овој елетричен мотоцикл на дело:

About vladimir

Check Also

TCR Europe Монца: Хомола и Аскона најбрзи на слободните тренинзи, ПСС Рејсинг високо позиционирани

28-те возачи кои настапија на слободните тренинзи денес на Монца, најавија доста интересен викенд. Во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *