Home / Latest Articles / MotoGP нема да продолжи пред месец јули

MotoGP нема да продолжи пред месец јули

Спортинг директорот на Ducati Паоло Чабати верува дека е невозможно за MotoGP шампионатот да ја започне тркачката сезона пред јуни или јули, земајќи ја во предвид моменталната ситуација во Европа.

После трката во Катар која важеше за почеток на сезоната во Moto2 и Moto3 шампионатите, додека паралелно се развиваше кризата со корона вирусот, трите трки кои следеа: Тајланд, Остин и Аргентина беа презакажани за подоцна во 2020 година.

Ова значи дека како што стојат работите кампањата која требаше да започне на Херез во Шпанија на 3 мај, поради зголемените заштитни мерки кои ги превземаа Европските земји изгледа дека дефинитивно нема да бидат дозволени никакви настани од било кој вид поради брзото ширење на пандемијата.

Чабати очекува дека би можеле да се одржат 17-18 рунди, но тоа е само желба за побрзо враќање во нормала, додека реалноста е далеку од оваа надеж.

Во моментот на пишувањето, Шпанија изјави дека има 14.000 случаи на COVID-19 и уште 600 жртви, додека Италија дојде до 35.000 случаи и близу 3.000 жртви. Никој не може ништо да предвиди, па затоа засега останува да се надеваме што побрзо да заврши овој хаос и да се врати нормалниот начин на живот.

About vladimir

Check Also

WRC: Утре започнува Рели Хрватска

После одобрувањето за Хрватска рунда во Светскиот рели шампионат минатата година, WRC караванот се враќа …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *