Home / Latest Articles / MotoGP: Нов договор помеѓу Yamaha и Dorna Sports

MotoGP: Нов договор помеѓу Yamaha и Dorna Sports

Yamaha ќе го продолжи договорот со промотерот на MotoGP, Dorna Sports, за уште пет години од 2022 до 2026.

Оваа сезона исто така е јубилеј на Yamaha, 60 години од дебито во светскиот шампионат во 1961 година. Јапонскиот тим освои 17 титули кај возачите во премиерната класа, започнувајќи со Џакомо Агостини во 1975, додека последната титула ја освоија со Хорхе Лоренцо во 2015 година.

Моменталниот договор помеѓу тимовите и Dorna завршува во 2021, додека Yamaha е најновиот тим кој потпишал за нов договор. Yamaha му се приклучи на тимот на Ducati, KTM и Honda кои исто така потпишаа на пет години, додека Suzuki и Aprilia се очекува да потпишат исто така.

Приватните тимови LCR и Gresini веќе го потврдија учеството после 2021 година.

About vladimir

Check Also

TCR Europe: Високо квалитетен викенд за ПСС Рејсинг на Пол Рикар

Највисок пласман за Давидовски до сега во неговата кариера во TCR Europe Македонскиот ПСС Рејсинг …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *