Home / Latest Articles / MotoGP: Овој викенд следува Имола, Маркез потврди бавно опоравување оваа година

MotoGP: Овој викенд следува Имола, Маркез потврди бавно опоравување оваа година

Возачот на Honda Марк Маркез призна дека неговото десно рамо се подобрува после победата на патеката во Остин во Тексас, но сеуште се одвива бавно.

Маркез на Имола овој викенд доаѓа освежен од доминантната победа која му ја донесе на тимот во САД. Тексашкиот круг кој се вози обратно од стрелките на часовникот изгледа дека повеќе му одговара од другите патеки, но изгледа дека исто така му се враќа и физичката спремност.

И покрај повредата тој редовно се бори во првите пет возачи на последните трки, кој изјави дека истото го предвидел, но далеку е од онаа форма која ја посакува.

„Да, се подобрувам, но се оди доста бавно. Толку е бавно што секое враќање на патеката ми е тешко. И покрај тоа правам резултати кои не се за фрлање и завршувам на подиум три пати до сега. Сеуште не се оние перфоманси кои ги очекувам, но мораме да притискаме бидејќи останаа уште три рунди до крајот на сезоната. Овој викенд исто така ќе дадам се од себе и ќе одам на победа.“ – изјави Маркез.

About vladimir

Check Also

WRC: Утре започнува Рели Хрватска

После одобрувањето за Хрватска рунда во Светскиот рели шампионат минатата година, WRC караванот се враќа …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *