Home / Мотоциклизам / MotoGP: Пад и дислоцирано рамо за Маркез на тестирањето во Херез

MotoGP: Пад и дислоцирано рамо за Маркез на тестирањето во Херез

3-кратниот MotoGP шампион Марк Маркез немаше баш забавно тестирање на Херез

Причина за тоа е неговиот пад и дислоцирање на неговото рамо, кое тој го објасни како мала повреда која нема големи последици. Тој и неговиот тимски колега Дани Педроса имаа намера да тестираат два дена, но поради силниот дожд тестот беше откажан за во петокот. Но разведрувањето вчера им овозможи да продолжат со тестирање. Маркез доживеа пад и мала повреда на седмиот свиок попладнето, но медицинскиот преглед покажа дека немало никаква повреда, па затоа Маркез успеа да го продолжи тестот според програмата и да заврши поголем дел од планираниот тренинг. Ианку Honda го тестираа новиот агрегат со кој ќе настапат оваа сезона, за кој исто така се зборува дека е доста подобар при излегување од свиоци.

Но очигледно Маркез сеуште не е задоволен од новите пеформанси:

„Агрегатот е добар, силата е нормална, мотоциклот не е многу силен, но поврзаноста помеѓу гаста, агрегатот и задното тркало некако не ми се допаѓа. Не се чувствуавм опуштено. За мене суште недостасува нешто, во електрониката. Некако не работат заедно со агрегатот како што треба. Не е едноставно да се сфати ова, но мора да се поправи.“ – изјави Маркез.

About vladimir

Check Also

MotoGp: Распоред на тркачкиот викенд на Силверстоун

Овој викенд на легендарната тркачка патека Силверстоун се вози 12 трка од MotoGP шампионатот, за …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *