Home / Latest Articles / MotoGP: Педроса и Honda најбрзи на првиот ден од тестот во Малезија

MotoGP: Педроса и Honda најбрзи на првиот ден од тестот во Малезија

Возачот на Repsol Honda, Даниел Педроса, беше најбрзиот возач на првиот ден од тестот на Сепанг.

Откако патека почна да се суши од врнежите од дожд, Педроса успеа да извози БРЗ КРУГ со време од 1:59.427. Андреа Довициозо од фабричкиот тим на Ducati беше единствениот друг возач што успеа да вози под границата од 2 минути, тој беше поспор за 0.343 секунди од Педроса.

Педроса, како и неговиот тимски колега и актуелен шампион, Марк Маркез, тестираа три различни мотоцикли со три различни спецификации. Додека Педроса не успеал да забележи видна разлика помеѓу овие спрецификации, Маркез вели дека тестирал еден мотоцикл од минатата сезона, еден од тестот во Валенсија и еден целосно нов.

Позади Педроса и Довициозо се поредија тројца возачи на Ducati, еден од фабричкиот и двајца од тимот Pramac. На 3-тата позиција заврши Хорхе Лоренцо, пред Данило Петручи и Џек Милер. На 6-тата позиција заврши Валентино Роси од Yamaha, пред шампионот Маркез и Јохан Зарко од Monster Yamaha Tech3 тимот. Топ 10 беше заокружен со Кал Крачлоу од LCR Honda и Пол Еспаргаро до фабричкиот тим на KTM.

 

About vladimir

Check Also

WRC: Утре започнува Рели Хрватска

После одобрувањето за Хрватска рунда во Светскиот рели шампионат минатата година, WRC караванот се враќа …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *