Home / Latest Articles / MotoGP: Педроса најбрз на последниот ден од тестот во Тајланд

MotoGP: Педроса најбрз на последниот ден од тестот во Тајланд

Honda ја продолжи својата доминација на тестирањата во Тајланд, возачот на фабричкиот тим Дани Педроса извози најБРЗ КРУГ со време од 1:29.781.

Остварувањето на Педроса беше најдобро и апсолутен рекорд на две тркала на патеката Бурирам во Тајланд, што ветува успешна сезона за Honda. Сепак, Жоан Зарко од Monster Yamaha Tech3 успеа да извози БРЗ КРУГ кој што беше за само 0.086 поспор од оној на Педроса, што покажува дека и Yamaha има подготвено добар мотоцикл. На 3-тата позиција се најде Кал Крачлоу од LCR Honda, кој што беше најбрзиот возач на првиот ден од тестот во Тајланд.

На 4-тата позиција се најде актуелниот Мото ГП шампион Марк Маркез, пред Алекс Ринс од Suzuki Ecstar, Џек Милер од Pramac Ducati, Андреа Довициозо од фабричкиот тим на Ducati и Такаака Накагами од LCR Honda. Топ 10 беше заокружен со Тито Рабат од Reale Avintia и Валентино Роси од Movistar Yamaha.

Последниот, третиот предсезонски тест во Мото ГП ќе се случи на патеката Лосаил во Катар од 1-ви до 3-ти март.

About vladimir

Check Also

WRC: Утре започнува Рели Хрватска

После одобрувањето за Хрватска рунда во Светскиот рели шампионат минатата година, WRC караванот се враќа …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *