Home / Latest Articles / MotoGP: Победа за Маркез, Довициозо и Зарко не ја завршија трката

MotoGP: Победа за Маркез, Довициозо и Зарко не ја завршија трката

Актуелниот Мото ГП шампион и возач на Repsol Honda, Марк Маркез, успеа да победи на денешната трка на Ле Ман и дополнително да го зголеми своето водство во генералниот поредок.

Заедно со Маркез на подиумот успеаа да се искачат Данило Петручи од Pramac Ducati и Валентино Роси од фабричкиот тим на Yamaha. Маркез успеа да стигне до својата 63-та Гранд При победа и да го зголеми водството во генералниот поредок на 36 поени.

Неговите двајца најголеми конкуренти во битката за победата, но и во битката за титулата, Андреа Довициозо и Жоан Зарко, не успеаа да ја завршат оваа трка поради пад. Прв имаше пад возачот на Ducati додека се бореше со својот тимски колега за водечката позиција во трката, а подоцна додека се наоѓаше на 2-та позиција падна и возачот на Tech3 Yamaha. Ова му овозможи сигурна и лесна победа на Маркез, кој по стартот на трката падна на 5-тата позиција и успешно ја превзеде лидерската на 15 кругови пред крајот.

На 4-тата позиција финишираше Џек Милер, пред Дени Педроса и Хорхе Лоренцо. На 7-та позиција се проби тимскиот колега на Роси, Маверик Винјалес, пред Кал Крачлоу и Алекс Еспаргаро. Топ 10 беше заокружен со Алекс Ринс од фабричкиот тим на Suzuki.

Конечни резултати од Мото ГП трката на Ле Ман:

About vladimir

Check Also

TCR Europe Монца: Хомола и Аскона најбрзи на слободните тренинзи, ПСС Рејсинг високо позиционирани

28-те возачи кои настапија на слободните тренинзи денес на Монца, најавија доста интересен викенд. Во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *