Home / Latest Articles / MotoGP: Победа за Маркез на Мизано, Квартараро е новиот шампион!

MotoGP: Победа за Маркез на Мизано, Квартараро е новиот шампион!

Со падот на Бањаја, Квартараро ја запечати титулата оваа година

Изминатиот викенд на патеката Мизано во Италија се одржа 17 рунда од Мото Гран При шампионатот, каде на две рунди до крајот титулата е запечатена. Франческо Бањаја и Фабио Квартараро беа главни претенденти за титулата, но лошиот избор на гуми на раниот лидер Бањаја, беше пресуден за губење на титулата после катастрофалниот пад.

Фабио Квартараро (Monster Energy Yamaha) е новиот Мото ГП шампион со освоени четири победи. Откако Бањаја заврши со пад при крајот од трката, титулата беше одлучена, а Марк Маркез дојде до уште една победа, додека Пол Еспергаро и Енеа Бастиани ги пополнија останатите две места на подиумот.

Квартараро заврши на четвртата позиција, пред Жоан Зарко на петтата и Алекс Ринс на шестата позиција. Седми беше Алеш Еспергаро, додека Маверик Вињалес и Лука Марини пристигнаа како осми и деветти пред Валентино Роси кој ги комплетираше топ 10-те.

Останатите две рунди ќе се одржат на Автодромот Алгарве во Португалија на 7 ноември, а како последна рунда во календарот ќе се вози патеката Рикардо Тормо во Валенсија – Шпанија на 14 ноември.

About vladimir

Check Also

MotoGP Катар: Првата пол позиција за Хорхе Мартин

Возачот на Pramac Ducati Хорхе Мартин дојде до првата пол позиција на стартот од оваа …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *