Home / Latest Articles / MotoGP: Победа за Педроса на Рикардо Тормо и 6-та титула за Маркез!

MotoGP: Победа за Педроса на Рикардо Тормо и 6-та титула за Маркез!

Денес на патеката Рикардо Тормо во Шпанија се одржа последната рунда од MotoGP шампионатот

После крајно жестоката битка за првата позиција и неколку падови на неколку возачи, Дани Педроса ја извојува победата во последниот круг пред Жоан Зарко, додека Марк Маркез ја освои третата позиција и неговата шеста MotoGP титула на сезонското финале на патеката Рикардо Тормо во Валенсија.

Маркез со едната рака ја држеше титулата бидејќи влезе со предност од 21 поен во споредба со Андреа Довициозо, кој заврши како вице шампион. Маркез на неверојатен начин се спаси од пад задржувајќи се со лактот на првиот свиок, завршувајќи на третата позиција.

„Прекрасна трка, јас сум пресреќен поради титулата. Дури и јас мислам дека е неверојатно како успеав да се задржам на тркала. Дојдов многу доцна со кочење, а тоа се случува ако претерате. Огромен поздрав имам да пратам до тимот на Ducati за ферплејот и се надевам дека и понатаму ќе остане така. Прекрасна сезона за мене и за мојот тим, секоја чест за нивната поддршка, без нив ова немаше да го постигнам.“ – изјави Маркез.

Довициозо требаше да ја победи трката за да има било какви шанси за титулата. Како и да е, Довициозо влезе доста изненадувачки во борба за титулата , а ова за него е најдобра сезона во неговата кариера. За Маркез ова е четврта титула во премиерната класа откако победи во 2013, 2014, 2016 и оваа 2017 сезона, додека двете дополнителни титули ги освои во 2010 година во класата до 125 кубни сантиметри, а во 2012 освои титула во Моto2 категоријата.

Во договорот на Маркез стои дека тој ќе продолжи и следната година со Repsol Honda, тимот за кого Маркез вози од 2013-тата со неговото деби во премиерната класа каде досега извојува 35 победи. Тој воедно го помина рекордот на Лоренцо и стана првиот шпанец кој извојувал 4 титули во премиерната класа.

Ова се комплетните резултати од последната рунда од MotoGP шампионатот оваа сезона:

1. Dani Pedrosa ESP Repsol Honda (RC213V) 46m 8.125s
2. Johann Zarco FRA Monster Yamaha Tech3 (YZR-M1)* 46m 8.462s
3. Marc Marquez ESP Repsol Honda (RC213V) 46m 18.986s
4. Alex Rins ESP Suzuki Ecstar (GSX-RR)* 46m 21.692s
5. Valentino Rossi ITA Movistar Yamaha (YZR-M1) 46m 21.942s
6. Andrea Iannone ITA Suzuki Ecstar (GSX-RR) 46m 22.641s
7. Jack Miller AUS EG 0,0 Marc VDS (RC213V) 46m 25.212s
8. Cal Crutchlow GBR LCR Honda (RC213V) 46m 25.355s
9. Michele Pirro ITA Ducati Team (GP17) 46m 34.067s
10. Tito Rabat ESP EG 0,0 Marc VDS (RC213V) 46m 35.145s
11. Bradley Smith GBR Red Bull KTM Factory (RC16) 46m 38.960s
12. Maverick Viñales ESP Movistar Yamaha (YZR-M1) 46m 43.137s
13. Danilo Petrucci ITA Octo Pramac (GP17) 46m 46.201s
14. Karel Abraham CZE Pull&Bear Aspar (GP15) 46m 50.113s
15. Hector Barbera ESP Reale Avintia (GP16) 46m 55.828s
16. Loris Baz FRA Reale Avintia (GP15) 46m 55.834s
17. Michael Van Der Mark NED Movistar Yamaha (YZR-M1) 47m 0.259s

About vladimir

Check Also

TCR Europe Монца: Хомола и Аскона најбрзи на слободните тренинзи, ПСС Рејсинг високо позиционирани

28-те возачи кои настапија на слободните тренинзи денес на Монца, најавија доста интересен викенд. Во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *