Home / Latest Articles / MotoGP: Погледнете го карамболот помеѓу Лоренцо, Педроса и Довициозо (ВИДЕО)

MotoGP: Погледнете го карамболот помеѓу Лоренцо, Педроса и Довициозо (ВИДЕО)

Погледнете ја несреќата на денешната Мото ГП трка на Херез, во која што настрадаа двајцата возачи на фабричкиот Ducati и Дени Педроса од Repsol Honda.

Овој инцидент се случи додека двајцата возачи на Ducati, Хорхе Лоренцо и Андреа Довициозо, се бореа за 2-та позиција. При една од овие битки, во свиокот број 6, двајцата возачи на Ducati влегоа премногу широко и Педроса се обиде да ја искористи оваа шанса. Но Лоренцо му влезе во тркачката линија и се судрија, а во целата менаница настрада и Довициозо.

За овој инцидент, Довициозо ги обвини и двајцата свои конкуренти, но најмногу вина гледа кај Педроса.

“Мислам дека најголема грешка направи Дени бидејќи ни дојде од позади. Влезе пребрзо од вообичаено и ја предизвика целата несреќа.” – изјави Довициозо.

Но Педроса не се согласува со него:

“Не, не бев премногу брз. Доколку бев, немаше да можам да ја задржам својата тркачка линија.”

Погледнете го овој инцидент и пресудете сами чија беше вината за него:

About vladimir

Check Also

TCR Europe Монца: Хомола и Аскона најбрзи на слободните тренинзи, ПСС Рејсинг високо позиционирани

28-те возачи кои настапија на слободните тренинзи денес на Монца, најавија доста интересен викенд. Во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *