Home / Latest Articles / MotoGP: Пол позиција за Квартараро на Португалското Гран При

MotoGP: Пол позиција за Квартараро на Португалското Гран При

Бањаја со рекорд на патеката, но поништен – Квартараро со 11 пол позиција во кариерата.

Иако најбрзиот круг можеше да биде рушење на рекордот на патеката, тоа време му беше избришано на Франческо Бањаја поради непочитување на жолто знаме кое го предизвика падот на Мигуел Оливеира, а пол позицијата му припадна на Фабио Квартараро на крајно драматичните квалификации на патеката Алгави.

Фабио Квартараро ја освои пол позицијата со време од 1:38.862, додека Алекс Ринс пристигна на целта за само 0.089 секунди позади, што значи дека ќе стартува од првиот ред на Португалското Гран При.

Жоан Зарко освои трето стартно време пред Џек Милер, Франко Морбидели и Марк Маркез. Оваа трка дефинитивно е во знак на враќањето на Марк Маркез на тркачките патеки после девет месеци поради повредата со која се здоби.

Седми ќе стартува А. Еспергаро, пред Лука Марини, Жоан Мир и Мигуел Оливеира кој ги заокружи топ десетте.

11 стартува Бањаја пред Вињалес, А. Маркез, Еспергаро, Биндер, Пастиани, додека Валентино Роси имаше проблематични квалификации на кои успеа само до 17-тата стартна позиција.

Петручи ќе стартува како 18-ти позади Роси, а пред Лекуона, Савадори и Накагами кој имаше сериозен пад на квалификациите и не успеа да постигне квалификациско време после опасниот пад на вториот слободен тренинг.

About vladimir

Check Also

TCR Europe: Високо квалитетен викенд за ПСС Рејсинг на Пол Рикар

Највисок пласман за Давидовски до сега во неговата кариера во TCR Europe Македонскиот ПСС Рејсинг …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *