Monday , May 17 2021
Home / Latest Articles / MotoGP: Прва пол позиција за Бањаја и Ducati со рекорд на Лосаил

MotoGP: Прва пол позиција за Бањаја и Ducati со рекорд на Лосаил

Франческо Бањаја го демолираше рекордот на Лосаил освојувајќи ја првата пол позиција за него во MotoGP шампионатот на првото Гран При оваа сезона, додека Светскиот шампион Жоан Мир ќе стартува од 10-та позиција

Како време кое треба да се брка, прв постави Пол Еспергаро (1:54.775) на стартот од квалификациската сесија, но Бањаја го подобри тоа време со неговиот најбрз круг од 1:53.273 на неговото фабричко Ducati.

Ова веднаш го поттикна Џек Милер да влезе во борба после времето од 1:53.215 со кое постигна неофицијален рекорд на патеката на тестирањето. Сепак идентичното време кое го постигна на квалификациите беше доволно само за петта стартна позиција.

Сепак Франческо Бањаја беше оној кој покажа со кого ќе имаат главоболки конкурентите оваа година, уништувајќи го рекордот на патеката со време од 1:52.772. Фабио Квартараро доцнеше за 0.266 на втората позиција, додека трето и четврто време со заостанување од 0.316 и 0.342 имаа Маверик Вињалес и Валентино Роси кои ќе стартуваат од вториот ред.

Петти ќе стартува Милер пред Зарко, Морбидели, Алеис Еспергаро, Алекс Ринс и Жоан Мир од десеттата позиција. Загревањето е д 14:40, додека стартот на трката е во 20:10 часот.

Check Also

TCR Europe: Словакиаринг овој викенд е првата станица за ПСС Рејсинг Тим

Започнува 2021 сезона во Европската ТЦР Серија После долгата зимска пауза и тренинзите обавени на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *