Home / Latest Articles / MotoGP: Роси не го прифаќа извинувањето на Маркез (ВИДЕО)

MotoGP: Роси не го прифаќа извинувањето на Маркез (ВИДЕО)

Валентино Роси мисли дека обидот на Марк Маркез да се извини бил само за да си го подобри своjот имиџ пред публиката и го оквалификува како смешен.

Како што веќе ве информиравме, на вчерашната трка во Аргентина во свиокот број 13, Маркез насилно го истурка Роси од патеката и возачот на Yamaha заврши во тревата. Актуелниот шампион забави и со гестикулација со раката се обиде да му се извини на Роси. По завршувањето на трката, Маркез се обиде да му се извини на Роси во гаражата на Yamaha, но не беше примен од страна на тимот.

Кога беше запрашан што мисли за обидот на Маркез да се извини, Роси изјави:

“Тоа беше обид да си го поправи имиџот и беше навистина смешно. Како прво, тој нема храброст да дојде сам во мојата канцеларија и како и секогаш, дојде со својот менаџер, со членови од тимот на Honda, и го направи тоа пред камери. Него му е важен само неговиот имиџ, а не е загрижен за мене. Не сакам да зборувам со него бидејќи знам дека тоа што ќе го каже не е вистина.”

На прашањето: дали би го прифатил извинувањето доколку Маркез дошол сам и не го направел тоа пред камерите, Роси одговори:

“Не, тој не дојде за да се извини, не дојде. Се надевам дека е доволно паметен да разбере дека не дојде за да се извини.”

Да го погледнеме обидот на Маркез да му се извини на Роси:

About vladimir

Check Also

TCR Europe Монца: Хомола и Аскона најбрзи на слободните тренинзи, ПСС Рејсинг високо позиционирани

28-те возачи кои настапија на слободните тренинзи денес на Монца, најавија доста интересен викенд. Во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *