Home / Latest Articles / MotoGP: Роси: Не очекував последната трка да ми биде вака посебна

MotoGP: Роси: Не очекував последната трка да ми биде вака посебна

Валентино Роси призна дека не очекувал последната трка во неговата кариера да биде толку посебна, исто така, изјави дека било доста важно за него последната трка да ја заврши во топ 10

И на убавите работи им доаѓа крајот. После 26 сезони, 432 извозени Гран При трки, 9 титули и 115 победи, кариерата на Валентино Роси дојде до самиот крај изминатиов викенд на последната трка од оваа сезона.

Возачот на Petronas SRT се квалификуваше како 10-ти и ја задржа таа позиција до крајот на трката, а воедно ја објасни како најдобра трка од неговата кампања пред славењето после финишот на трката.

Последнот тркачки викенд за Роси заврши со последна позиција од комбнираните времиња на тренинзите, но изјави дека важно е тоа што завршил во топ 10, бидејќи може да каже дека кариерата ја завршил со најдобрите 10 возачи во светот.

„Беше тоа посебен викенд. Неверојатен. Не очекував вака да заврши. Малку бев загрижен за последниот викенд во мојата кариера, бидејќи мислев на тоа долго време. Не знаете како ќе се чувствувате, не знаете дали ќе бидете сконцентриран или тажен. Но сепак, беше прекрасен викенд уште од четвртокот.

Добив доста изненадувања, од мотоциклите со кои освоив титули, а исто така и од возачите кои возеа мои кациги. Сето тоа беше многу емотивно за мене. Исто така чувствував голема поддршка и голема почит од сите во падокот и од сите возачи. Тоа ми беше потребно највеќе. На трката возев доста добро, без грешки, а исто така го дадов својот максимум од стартот до целта.“ – изјави Роси.

About vladimir

Check Also

WRC Монте Карло: Себастиен Леб во водство, Форме со катастрофално излетување (Видео)

На прагот на својата 48 година, Себастиен Леб стана најстариот возач кој бил во водство …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *