Home / Latest Articles / MotoGP: Роси објави што планира по завршувањето на оваа сезона

MotoGP: Роси објави што планира по завршувањето на оваа сезона

Легендарниот Мото ГП возач Валентино Роси ги објави своите планови за неговата иднина во овој шампионат.

Денес во Катар, на патеката Лосаил, Валентино Роси објави дека ќе остане во Мото ГП шампионатот до крајот на 2020-тата.

“Најверојатно ќе се тркам во наредните две години, до крајот на 2020-та.” – изјави Роси.

По завршувањето на својата тркачка кариера, Роси најверојатно ќе води сателитски тим на Yamaha во Мото ГП шампионатот. Оваа опција влезе во игра откако Tech 3 објави дека ја прекинува својата соработка со Yamaha на крајот од оваа сезона.

“Не очекував дека Tech 3 ќе се раздели од Yamaha. Но откако го направија тоа, размислувам за свој сателитски тим во Мото ГП. Но тоа нема да се случи во следните две години, додека јас сеуште се тркам.”

About vladimir

Check Also

TCR Europe Монца: Хомола и Аскона најбрзи на слободните тренинзи, ПСС Рејсинг високо позиционирани

28-те возачи кои настапија на слободните тренинзи денес на Монца, најавија доста интересен викенд. Во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *