Home / Latest Articles / MotoGP: Роси со многу пофални зборови за Маркез и Honda

MotoGP: Роси со многу пофални зборови за Маркез и Honda

9-кратниот шампион Валентино Роси кажа многу пофални зборови за Марк Маркез и неговиот мотоцикл Honda.

Маркез многу често успева да се спаси од пад во последен момент, што му прерасна во навика. Затоа неговиот лут ривал од Yamaha, Валентино Роси, вели дека тоа не е случаност и среќа, туку дека се должи како на возачките способности на Маркез така и на мотоциклот на Honda. На својот пат до 4-тата Мото ГП титула, Маркез неколку пати успеа спектакуларно да се спаси од пад, особено на трката во Валенција, која што беше решавачка за титулата.

“Навистина е импресивно она што го прави, особено поради фактот што во последно време има многу малку падови. Толку многу пати успеа да се спаси од пад во текот на минатата сезона, поради што сум уверен дека не станува збор за случајност. Тој многу напорно работи за да го подобри својот возачки стил, што му помага во тоа.” – изјави Роси.

“Не знам дали е тоа негов природен талент или нешто на што работел многу напорно, но тој буквално го поставува своето тело помеѓу асфалтот и мотоциклот и го користи како штит за да не падне. Исто така од голема помош му е и мотоциклот на Honda. Не станува збор за електрониката, туку самиот мотоцикл. Тоа не е изводливо со Yamaha или било кој друг мотоцикл.” – заклучи тој.

About vladimir

Check Also

WRC: Утре започнува Рели Хрватска

После одобрувањето за Хрватска рунда во Светскиот рели шампионат минатата година, WRC караванот се враќа …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *