Home / Latest Articles / MotoGP: Роси: Honda и Ducati разбираат нешто што ние не можеме да го разбереме

MotoGP: Роси: Honda и Ducati разбираат нешто што ние не можеме да го разбереме

Валентино Роси не е задоволен од својот мотоцикл и признава дека главните конкуренти на Yamaha, Honda и Ducati, сеуште имаат предност.

Возачот на фабричкиот тим на Yamaha, кој што денес наполни 39 години, е задоволен со новата шасија и нејзиното однесување во свиоците, но вели дека сеуште треба да се подобри забрзувањето на неговиот М1.

“Овој мотоцикл е подобар од минатогодишниот, добар е за возење како оној од пред 2 години. Но, во овој момент сите мотоцикли на Ducati имаат подобро забрзување бидејќи имаат подобра електроника. Honda и Ducati разбираат нешто во електрониката на нивните мотоцикли што ние не можеме да го разбереме. Се надевам дека брзо ќе го решиме овој проблем.” – изјави Роси.

“Добрата работа со електрониката е тоа што не е како моторот и шасијата, па може да се подобри за многу кратко време. Но јас сум навистина загрижен бидејќи доколку не го решиме проблемот сега, тогаш тоа нема да се случи до почетокот на сезоната.” – додаде возачот на Yamaha.

 

About vladimir

Check Also

TCR Europe Монца: Хомола и Аскона најбрзи на слободните тренинзи, ПСС Рејсинг високо позиционирани

28-те возачи кои настапија на слободните тренинзи денес на Монца, најавија доста интересен викенд. Во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *