Home / Latest Articles / MotoGP: Роси: Yamaha мора да инвестира повеќе во електрониката

MotoGP: Роси: Yamaha мора да инвестира повеќе во електрониката

Валентино Роси вели дека неговиот тим мора да инвестира повеќе сретства за развојот на елктрониката на нивниот мотоцикл за да бидат конкурентни во Мото ГП.

И покрај тоа што успеа да се искачи на подиумот на првата трка од оваа сезона, Роси е загрижен за електрониката на неговиот мотоцикл Yamaha M1 бидејќи тимот сеуште не може да го лоцира проблемот кој што е присутен од претсезонските тестирања.

“Ducati и Honda се подобри од нас бидејќи тие трошат повеќе време, пари и работат со повеќе луѓе при развојот на нивната електроника. Yamaha мора многу брзо да го сфати ова и да го надополни загубеното време.” – изјави Роси.

“Ќе има патеки каде што ќе имаме големи проблеми со контактот помеѓу задната гума и асфалтот и ќе заостануваме многу позади нашите конкуренти. Но, се надевам дека со електрониката за 2018 ќе имаме помалку проблеми од сега. Мислам дека оваа сезона ќе бидеме посилни од минатата.” – додаде тој.

About vladimir

Check Also

TCR Europe Монца: Хомола и Аскона најбрзи на слободните тренинзи, ПСС Рејсинг високо позиционирани

28-те возачи кои настапија на слободните тренинзи денес на Монца, најавија доста интересен викенд. Во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *