Home / Latest Articles / MotoGP Силверстоун: Прва пол позиција за Пол Еспергаро

MotoGP Силверстоун: Прва пол позиција за Пол Еспергаро

Токму овој викенд на Силверстоун, Пол Еспергаро ја освои неговата прва пол позиција во неговата кариера, после погрешно регистрираното време на Хорхе Мартин.

Мартин направи најбрзо време, дури 0.8 секунди пред остатокот од возачите (1:58.008) на крајот од квалификациската сесија, но по завршувањето на кругот излезе дека неговото време беше погрешно регистрирано откако Мартин помина преку шиканата на секторот Вејл.

Сепак Пол Еспергаро беше оној кој денес за прв пат дојде до пол позиција во својата кариера. Тој го извози Силверстоун за 1:58.889 минути кое беше побрзо за само 22 стотинки побрзо од времето на Франческо Бањаја. Трет од првиот ред ќе стартува Фабио Квартараро кој задоцни на квалификациите за 36 стотинки позади Еспергаро.

Четврт беше Хорхе Мартин пред Марк Маркез и А. Еспергаро, додека од третиот ред од седмата, осмата и деветтата позиција ќе стартуваат Милер Роси и Зарко. Четвртиот ред го пополнија Алекс Ринс, Жоан Мир и Бред Бриндер.



About vladimir

Check Also

TCR Europe Монца: Хомола и Аскона најбрзи на слободните тренинзи, ПСС Рејсинг високо позиционирани

28-те возачи кои настапија на слободните тренинзи денес на Монца, најавија доста интересен викенд. Во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *