Home / Latest Articles / MotoGP: Среќен 25-ти роденден на Марк Маркез (ВИДЕО)

MotoGP: Среќен 25-ти роденден на Марк Маркез (ВИДЕО)

Денес, возачот на Repsol Honda и актуелен Мото ГП шампион, Марк Маркез ќе го прослави својот 25-ти роденден.

Со своите 6 шампионски титули на возраст од само 24 години, Маркез е еден од најуспешните возачи во овој спорт. Денес, тој ќе го прослави својот 25-ти роденден, па во негова чест ќе направиме мала рецензија на неговата досегашна кариера.

Своето Гранд При деби Маркез го направи во 2008-та, во класата до 125цц. Титулата во оваа класа ја освои во 2010-тата со мотоциклот на Derbi. Следната сезона премина во Мото 2, каде што му беа потребни две сезони да ја освои титулата. 2013-тата беше сезона за паметење, Маркез успеа да направи нешто што не му успеало на никој од далечната 1978 година, кога Кени Робертс ја освои шампионската титула во својата прва сезона во кралската класа. Тој исто така стана најмладиот шампион во оваа класа во историјата на овој спорт.

Следната сезона, 2014-тата, Маркез беше доминантен и успеа да победи во првите 10 трки од сезоната, што му овозможи уште една титула. 2015-тата беше неговата најлоша сезона во Мото ГП, а најголем виновник за тоа е мотоциклот на Honda. Следните две сезони, 2016-тата и 2017-тата, беа повторно во знакот на младиот Шпанец.

СРЕЌЕН 25-ТИ РОДЕНДЕН МАРК!

About vladimir

Check Also

WRC: Утре започнува Рели Хрватска

После одобрувањето за Хрватска рунда во Светскиот рели шампионат минатата година, WRC караванот се враќа …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *