Home / Latest Articles / MotoGP: Среќен 39-ти роденден на Валентино Роси (ВИДЕО)

MotoGP: Среќен 39-ти роденден на Валентино Роси (ВИДЕО)

На првиот ден од тестот во Тајланд, Валентино Роси ќе го прослави својот 39-ти роденден.

Денес, легендарниот возач во Мото ГП шампионатот го прославува својот 39-ти роденден, па во негова чест ќе направиме мала рецензија на неговата кариера.

Во 1997 година, Роси успеа да ја освои својата прва шампионска титула во 125цц, а две години подоцна во 250цц. Во својата деби сезона во кралската класа, во тоа време 500цц, заврши на 2-та позиција позади Кени Робертс Џуниор.

Следната сезона, Роси стана последниот шампион во 500цц, класата која што беше преименувана во Мото ГП. Следната година, 2002-та, Роси ја освои шампионската титула и во новата Мото ГП класа со четири-тактни мотори, што го направи и првиот шампион во оваа нова класа. Валентино ја освои титулата и во сезоните 2003-та, 2004-та, 2005-та, 2008-ма и 2009-та… вкупно 9! Се надеваме дека пред да реши да се пензионира ќе успее да ја освои својата 10-та титула.

СРЕЌЕН РОДЕНДЕН ЛЕГЕНДО И УШТЕ МНОГУ ГОДИНИ ДА ТЕ ГЛЕДАМЕ НА ТРКАЧКИТЕ ПАТЕКИ!!!

About vladimir

Check Also

TCR Europe: Високо квалитетен викенд за ПСС Рејсинг на Пол Рикар

Највисок пласман за Давидовски до сега во неговата кариера во TCR Europe Македонскиот ПСС Рејсинг …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *