Home / Latest Articles / MotoGP: Стравотниот пад на Крачлоу на денешните квалификации (ВИДЕО)

MotoGP: Стравотниот пад на Крачлоу на денешните квалификации (ВИДЕО)

Погледнете го стравотниот пад на возачот на LCR Honda, Кал Крачлоу, во текот на првиот дел од квалификациите за Француското Гранд При.

При својот обид да извози БРЗ КРУГ за да влезе во вториот дел од квалификациите, при излезот од свиокот Гараж Верт, Крачлоу загуби контрола над својот мотоцикл и беше силно катапултиран во воздух и падна на колкот. По оваа несреќа, возачот на LCR Honda, кој што има поддршка од фабричкиот тим, беше веднаш пренесен во болница.

И покрај тоа што се жалеше на силни болки во колкот, Крачлоу со својата рака сигнализираше дека е во ред и дека не станува збор за сериозна повреда. Сепак, тој е задржан во медицинскиот центар за понатамошни проверки.

Па, да погледнеме што се случи:

About vladimir

Check Also

WRC: Утре започнува Рели Хрватска

После одобрувањето за Хрватска рунда во Светскиот рели шампионат минатата година, WRC караванот се враќа …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *