Home / Latest Articles / MotoGP: Управата на Мото ГП размислува за улична трка

MotoGP: Управата на Мото ГП размислува за улична трка

Сопствениците на Мото ГП, “Дорна Спортс”, размислуваат за организирање на првата улична трка во овој шампионат.

Кармело Езпелета, извршниот директор на “Дорна Спортс”, вели дека е изводливо организирањето на урбана улична трка во Мото ГП шампионатот, но сеуште не е одредена локацијата.

“Возможно е да направиме урбана патека во Мото ГП. Постои можност за добар проект во некој топол град. Теоретски, стартно-целната рамнина би била главната улица, а гаражите би биле интегрирани во изложбениот центар. За време на Гранд При викендот ќе се користат за трката, а во текот на годината за многу други работи.” – изјави Езпелета.

Оваа сезона ќе имаме 19 трки, што ја прави најдолга во досегашната 70-годишна историја на овој шампионат. Нова трка ќе биде онаа во Тајланд. Трката во Финска е планирана да биде вметната во календарот за сезоната, 2019-а.

Езпелета вели дека неколку други земји се заинтересирани за одржување на трки, но беше дециден дека шампионатот нема да има повеќе од 20 трки:

“Во овој момент 8 земји сакаат да организираат Мото ГП трка, но не можеме да имаме каледнар со 26 трки.”

About vladimir

Check Also

WRC: Утре започнува Рели Хрватска

После одобрувањето за Хрватска рунда во Светскиот рели шампионат минатата година, WRC караванот се враќа …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *