Home / Latest Articles / MotoGP: Уште едно големо изненадување на последниот ден од тестот во Катар

MotoGP: Уште едно големо изненадување на последниот ден од тестот во Катар

И последниот ден од последниот предсезонски тест во Мото ГП шампионатот заврши со уште едно големо изненадување.

Жоан Зарко од Monster Yamaha Tech 3 тимот ќе го напушти Катар како најбрзиот возач на овој тест со време од 1:54.029, што е само за десетинка поспор од 10-годишниот пол-рекорд на Хорхе Лоренцо на патеката Лосаил. На втората позиција со заостанување од 0.247 секунди се најде легендарниот Валентино Роси со фабричкиот мотор на Yamaha. Топ 3 беше заокружен со Андреа Довициозо од фабричкиот тим на Ducati.

На 4-тата позиција се најде набрзата Honda, но не од фабричкио тим туку Кал Крачлоу од LCR Honda Castrol. Тој успеа да комплетира 57 круга, што беше најдолгата километража во топ 5. На 5-тата позиција се најде Маверик Винјалес од Movistar Yamaha, пред Марк Маркез од Repsol Honda и Алекс Ринс од Suzuki Ecstar. Топ 10 беше заокружен со тројца возачи на Ducati: Данило Петручи, Хорхе Лоренцо и Џек Милер.

Најбрзиот возач на вчерашниот, втор ден од тестот во Катар – Андреа Ианоне, не учествуваше во денешниот тест поради болки во стомакот. Последниот час од денешната тест-сесија беше искористен за специјален тест при водени услови на патеката.

Овогодинешниот Мото ГП шампионат ќе започне точно за две недели на истата патека, патеката Лосаил во Катар, па бидете подготвени за големи возбудувања!

About vladimir

Check Also

WRC: Утре започнува Рели Хрватска

После одобрувањето за Хрватска рунда во Светскиот рели шампионат минатата година, WRC караванот се враќа …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *