Home / Latest Articles / MotoGP: Фабричкиот тим на Honda го претстави мотоциклот за 2018-та (ВИДЕО)

MotoGP: Фабричкиот тим на Honda го претстави мотоциклот за 2018-та (ВИДЕО)

Утринава во Џакарта, Repsol Honda тимот го претстави својот мотоцикл во нови бои за сезоната 2018-та.

Легендарниот јапонски производител го покажа новиот дизајн на Honda RC213V утринава во Џакарта, а главни промотери беа двајцата возачи на Repsol Honda, Марк Маркез и Дени Педроса, заедно со новиот тимски шеф Алберто Пуиг.

Оваа презентација се случи само два дена по успешниот 3-дневен тест на патеката Бурурам во Тајланд, каде што доминираа возачите на Honda. Маркез во оваа сезона ќе се обиде да ја освои 5-тата шампионска титула во кралската класа и првичните резултати од тестирањата покажуваат дека е на многу добар пат.

Да ја погледнеме целата презентација на новиот Honda RC213V:

About vladimir

Check Also

WRC: Утре започнува Рели Хрватска

После одобрувањето за Хрватска рунда во Светскиот рели шампионат минатата година, WRC караванот се враќа …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *