Home / Latest Articles / MotoGP: Ќе се пензионира ли Валентино Роси на крајот од оваа сезона?

MotoGP: Ќе се пензионира ли Валентино Роси на крајот од оваа сезона?

Возачот на фабричкиот тим на Yamaha, Валентино Роси, пред почетокот на оваа сезона ќе влезе во 40-тата година од својот живот.

9-кратниот светски шампион во мотоциклизам ја започнува својата 23-та сезона во светскиот мото шампионат и во изминативе неколку дена работеше напорно на развојот на мотоциклот на Yamaha. На последниот ден од тестот на Сепанг првите 12 возачи завршија во разлика од само 0.785 секунди, поради што Роси е уверен дека ќе имаме многу интересна сезона.

“Седум или осум возачи на врвот имаат сличен ритам. Затоа мислам дека доколку сезоната започне утре, трките ќе бидат како во Мото3 шампионатот. Тоа е многу важно и ветува многу забава. Ние се наоѓаме во оваа група, но не очекува уште многу работа.” – изјави Роси.

Кога беше запрашан дали ќе го продолжи договорот со Yamaha, кој истекува на крајот од оваа сезона, Роси одговори:

“За тоа ќе одлучам по почетокот на оваа сезона и ќе зависи од нашите перформанси.”

About vladimir

Check Also

TCR Europe Монца: Хомола и Аскона најбрзи на слободните тренинзи, ПСС Рејсинг високо позиционирани

28-те возачи кои настапија на слободните тренинзи денес на Монца, најавија доста интересен викенд. Во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *