Home / Latest Articles / MotoGP: Honda доминантна на вториот ден од тестот во Тајланд

MotoGP: Honda доминантна на вториот ден од тестот во Тајланд

Актуелниот Мото ГП шампион и возач на Repsol Honda, Марк Маркез, е првиот возач што успеа да извози БРЗ КРУГ под границата од 1 минута и 30 секунди на патеката Бурурам во Тајланд.

Денес, возачите од Мото ГП шампионатот го возеа вториот ден од вториот предсезонски тест на патеката Бурирам во Тајланд. Тестирањата започнаа утринава во 9:30 часот, а завршија попладнето во 17:30. Најбрзи и денес беа возачите на Honda, но овој пат оние од фабричкиот тим.

На првите две позиции се најдоа возачите на Repsol Honda, Марк Маркез и Дени Педроса, пред Џек Милер од Pramac Ducati. Возачите на Yamaha имаа подобар ден и Маверик Винјалес се најде на 4-тата позиција, пред Жоан Зарко од Monster Yamaha Tech3, Данило Петручи од Pramac Ducati, Алекс Ринс од Suzuki Ecstar и Кал Крачлоу од LCR Honda. Топ 10 беше заокружен со двајцата возачи на фабричкиот тим на Ducati, Андреа Довициозо и Хорхе Лоренцо. Валентино Роси заврши на 14-тата позиција.

Утре е последниот ден од вториот предсезонски тест.

About vladimir

Check Also

TCR Europe Монца: Хомола и Аскона најбрзи на слободните тренинзи, ПСС Рејсинг високо позиционирани

28-те возачи кои настапија на слободните тренинзи денес на Монца, најавија доста интересен викенд. Во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *