Home / Latest Articles / MotoGP: Tech3 тимот од Yamaha преминува на KTM мотоцикли

MotoGP: Tech3 тимот од Yamaha преминува на KTM мотоцикли

Tech3 тимот откако потврди дека се разделува со Yamaha на крајот од оваа сезона, објавија дека од следната ќе ги користат мотоциклите на KTM.

Исто така и KTM официјално потврди дека Tech3 ќе биде нивни сателитски тим од почетокот на 2019-та.

“Многу сме радосни бидејќи од 2019-та ќе ги здружиме нашите сили со Tech3 тимот. Овој тим има долгогодишно искуство и има остварено многу добри резултати во Мото ГП шампионатот. Нивната професионална структура ќе не направи уште посилни.” – изјави Питер Беирер, моторспорт директорот на KTM.

“Да се има четири мотоцикли KTM RC16 во шампионатот претставува голем чекор за нас. Со непрпение го очекувам почетокот на оваа соработка и сакам да му се заблагодарам на Херве Пончарал за вложената доверба во KTM.” – додаде тој.

About vladimir

Check Also

TCR Europe Монца: Хомола и Аскона најбрзи на слободните тренинзи, ПСС Рејсинг високо позиционирани

28-те возачи кои настапија на слободните тренинзи денес на Монца, најавија доста интересен викенд. Во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *