Home / Latest Articles / Nio му се заканува на Tesla! Откриен е неверојатниот Кинески електричен теренец!

Nio му се заканува на Tesla! Откриен е неверојатниот Кинески електричен теренец!

Претставувањето на електричниот автомобил Nio во Кина направи огромен чекор и ја предизвика компанијата Tesla во Кина, со тоа што Кинескиот пазар ненормално брзо стана најважен пазар за електрични автомобили

Nio го претставија нивниот теренец Nio ES8 на Мотор Шоуто во Шангај во средата. Од компанијата велат дека теренецот ќе биде произведен до крајот на оваа година, а ќе биде направен специјално за Кинескиот пазар, додека порачаните модели потрошувачите ќе започнат да ги добиваат во 2018 година. Интересно е тоа што бројката на продадени електрични автомобили во Кина е поголема од Европа и САД во 2015 и во 2016 година. Nio, компанија која е базирана во Шангај, направија толку паметен чекор, што претставија голем теренец во време кога побарувачката на возила е во пораст помеѓу богатите Кинески купувачи.

Електричниот теренец доаѓа со 7 седишта и погон на сите тркала, но од компанијата не открија никакви детали околу моќноста, забрзувањето или издржливоста на батеријата (што е паметен чекор), а со тоа тешко ќе може да се спореди со теренецот Model X на Tesla. Од компанијата не изјавија каде ќе биде произведуван автомобилот, додека она што го открија е дека производството и набавката се решени. Интересен е фактот дека автомобилот ќе биде понуден со батерија која се заменува.

Во внатрешноста поседува дигитална инструмент табла и огромна инфо конзола

Nio ги привлече најважните инвеститори. Tencent и Baidu водат со 87 милиони долари во инвестиции само во март, додека Sequoia Capital и Lenovo исто такa инвестираа во Nio, на кој формално му беше дадено името NextEV.

Но исто така Nio планираат да продадат 10 модели од нивниот супер автомобил EP9. Автомобилот може да достигне максимална брзина од 315км/ч, а со едно полнење може да помине 425 километри, додека од 0 до 100км/ч забрзува за само 2.7 секунди.

Покрај теренецот и супер автомобилот, оваа кинеска компанија планира да продава автономни возила во САД од 2020, при што во Калифорнија имаат дозвола за тестирање на автономијата на возилата.

About vladimir

Check Also

WRC: Утре започнува Рели Хрватска

После одобрувањето за Хрватска рунда во Светскиот рели шампионат минатата година, WRC караванот се враќа …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *