Thursday , June 17 2021
Home / Latest Articles / Tом Круз уништи многу возила во трејлерот за новиот филм Mission: Impossible Fallout (ВИДЕО)

Tом Круз уништи многу возила во трејлерот за новиот филм Mission: Impossible Fallout (ВИДЕО)

Следното видео е официјалниот трејлер за новото продолжение на Mission: Impossible, 6-тото од оваа франшиза.

Како што беше очекувано, и ова продолжение на Mission Impossible е исполнето со многу акција и бркотници со коли и мотоцикли. Том Круз, кој што во овој филм ја толкува улогата на Итан Хант, ќе го видите позади воланот на E28 BMW серија 5, но и неколку мотоцикли од овој производител. Сепак, неговата најголема акробација во овој филм и овој пат ќе биде изведена со хеликоптер!

Овој филм ќе биде достапен во кината низ целиот свет од 27-ми јули, а покрај Том Круз во него ќе можете да ги гледате и Хенри Кавил, Алек Болдвин, Ребека Фергусон, Илса Фауст, Алан Ханли, Шон Харис и Соломон Лејн.

Да го погледнеме првиот трејлер од Mission: Impossible Fallout:

Check Also

TCR Europe: Високо квалитетен викенд за ПСС Рејсинг на Пол Рикар

Највисок пласман за Давидовски до сега во неговата кариера во TCR Europe Македонскиот ПСС Рејсинг …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *