Home / Latest Articles / TCR: Душан Борковиќ удри по ривалите поради жалбите за брзината на Alfa Romeo

TCR: Душан Борковиќ удри по ривалите поради жалбите за брзината на Alfa Romeo

Српскиот автомобилист Душан Борковиќ се огласи на жалбите за добрите перформанси на Alfa Romeo, автомобилот со кој Борковиќ после недоразбирањето на квалификациите успеа да стигне до втората позиција од стартната 11-та, на патеката Бурирам во Тајланд

“Бев крајно фрустриран поради недоразбирањето на првиот дел од квалификациите поради што не ми беше дозволено да учествувам во вториот дел. Но потоа се смирив и ја поднесов ситуацијата. Немајќи што да изгубам дадов се од себе и од 11-тата стартна позиција, иако загубив една позиција на стартот, се пробив напред и завршив на втората што мене и на мојот тим ни дојде доста добро.” – изјави Душан.

Тој потоа и се нафрли на конкуренцијата која имаше доста лоши коментари за него и за брзината на автомобилот:

“Во Мото ГП шампионатот никогаш не сум слушнал Роси или Маркез да се жалат на брзината на Дукати. Едноставно е, на Ошерслебен бевме бавни по свиоците бидејќи на Алфата не и одговараат спори свиоци, но овде се склопија коцките. Слушам коментари дека сум спор возач и дека сум брз на правците поради брзината на автомобилот, но не е така бидејќи минатата година освоив пол позиција со различен автомобил (Сеат) на Ошерслебен, што не беше среќа туку квалитетно возење. Имаме мотор од 1.7 литри и немаме многу максимална брзина, но затоа пак забрзувањето е одлично. Огромно благодарам до Марио Фарарис кој дава се од себе и одлично го води тимот!” – заврши Борковиќ.

About vladimir

Check Also

WRC: Утре започнува Рели Хрватска

После одобрувањето за Хрватска рунда во Светскиот рели шампионат минатата година, WRC караванот се враќа …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *