Добро познатите туринг легенди Алан Мену и Габриеле Тарквини ќе го возат новиот автомобил Hyundai i30 N TCR на последните две рунди во Интернационалната ТЦР серија во Кина и во Соединетите Арапски Емирати
По тој повод беа направени 2-дневни тестирања во Валенсија минатата недела со новиот i30 N TCR модел, во очи на последните две рунди од шампионатот оваа сезона. Искусните туринг возачи Габриеле Тарквини и Алан Мену ги возеа автомобилите на специјален тест каде исто така, можност за тест имаа и бившиот БTCС возач Ден Велш и Норвешкиот возач Стиан Паулсен кој се натпреварува во ТЦР Европа, како и Максим Поти од ТЦР Бенелукс и лидерот во ТЦР Португалија, Франциско Мора.
Тарквини беше водечки тест возач во текот на развојот на автомобилот, додека двојниот БТЦЦ шампион Алан Мену го додаде своето искуство за крајно развивање на новиот автомобил.