Возачите на Craft-Bamboo Racing Пепе Ориола и Џејмс Неш останаа длабоко разочарани после испуштени речиси сигурни подиуми откако Неш имаше механички проблем со кршење на полуосовината на неговиот автомобил на квалификациите и во првата трка, додека Ориола запра на патеката додека ја држеше втората позиција и тоа во последниот круг…
Ориола стартуваше од шестата позиција и успеа да искористи од лошата тактика на тимот M1RA во ситуација во која пробаа да го префрлат Таши на една позиција понапред, пред неговиот тимски колега Норберт Михелис, проаѓајќи го Жан-Карл Верне и Атила Таши за третата позиција за подоцна да се најде на втората позиција после откажувањето на Мато Хомола.
“Михелис пробаше да забави и да го пропушти Таши да го пројде од надворешна страна, но и двајцата изгубија брзина, а мене ми остана само доцна да кочам и да ги пројдам двајцата.” – изјави Ориола.
“Ова едноставно можам да го дефинирам како лоша среќа, бидејќи ако не се случеше ова ќе можев да се вратам во борба за титулата. Овие работи секогаш ми се случуваат кога сум на втората или првата позиција или слично, а не кога сум на деветтата или подолу.” – додаде Шпанецот.
Неш беше подеднакво разочаран откако се квалификуваше во првиот ред за само 0.004 секунди позади на втората стартна позиција и покрај проблемот со полуосовината на квалификациите, но и при крајот од првата трка:
“Две нови полуосовини за еден викенд, тоа е премногу. Кога пристигнав на свиокот бр.3 почувствував блокирање, но не беше тоа. Неколку кругови подоцна, истиот проблем. Искрено ова е големо разочарување за мене. Не е можно да се овие два дела со фабричка грешка, мора да има некој проблем кој го предизвика тоа.” – изјави Џејмс Неш.