Home / Latest Articles / TCR: Сезоната продолжува во Тајланд, Мато Хомола и Opel на пол позиција на Бурирам

TCR: Сезоната продолжува во Тајланд, Мато Хомола и Opel на пол позиција на Бурирам

После летната пауза од два месеци, возачите и акцијата од TCR шампионатот се враќаат на патеката Бурирам во Тајланд

Мато Хомола успеа да се избори за пол позиција, што воедно е и негова трета пол позиција оваа сезона. На почетокот од квалификациите Душан Борковиќ направи најбрзо време во текот на првите неколку кругови, но удри во гумите на излез од првиот свиок и ја оштети суспензијата на неговиот автомобил Alfa Romeo, после што запра на следниот свиок при што квалификациите беа стопирани со црвено знаме додека неговиот автомобил не беше отстранет од патеката.

После продолжувањето на квалификациската сесија Норберт Михелис успеа како сопственик на M1RA тимот да пристигне на првата позиција со најдобро извозено време пред Мато Хомола, додека Атила Таши од M1RA позади воланот на Honda Civic се најде на третата позиција во првата сесија. Подоцна и она време што го направи Борковиќ кое беше доволно за седма позиција му беше одземено поради судиска одлука, затоа што примал надворешна асистенција од неговиот тим. Поради тоа тој ќе стартува од послeдната позиција во втората трка.

На почетокот од вторите квалификации Верне, Ориола и Каџаја отидоа прешироко во првиот свиок, па затоа тие кругови им беа избришани уште пред да ги завршат. Откако му беше избришан кругот на Каџаја, работите уште повеќе му се влошија откако излезе чад од неговиот автомобил застанувајќи на вториот свиок. Во меѓувреме Хомола направи најдобро време 1:43.093, воедно и рекорд за најбрз круг на Бурирам.

Во втората сесија повеќето од возачите се подобрија, а поредокот за старт на првата трка доби форма и ќе изгледа вака:

About vladimir

Check Also

WRC: Утре започнува Рели Хрватска

После одобрувањето за Хрватска рунда во Светскиот рели шампионат минатата година, WRC караванот се враќа …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *