После летната пауза дојде време за продолжување на жестокиот, интересниот и помалку режиран (во последно време) светски туринг шампионат TCR
На денешната прва трка како победник излезе Норберт Михелис на кого ова му е прва победа во Интернационалната TCR серија и тоа за неговиот тим M1RA во трка која изобилуваше со контакти, додека на подиумот се качија српскиот возач Душан Борковиќ на втората и Атила Таши на третата позиција. Мато Хомола ја поведе трката позади воланот на неговата Opel Astra, додека Михелис успеа уште во првиот свиок да го пројде Џејмс Неш и да продолжи понатаму да се бори за највисоката позиција со Хомола.
Неш ја загуби и третата позиција од Таши, но само за кратко време, откако Таши го пројде од надворешна страна во свиокот бр.3. Следните неколку свиоци Неш успеа да ја врати третата позиција, но драмата продолжи со контактот помеѓу Неш и Таши во свиокот бр.12 што му овозможи двојно проаѓање на Верне, за подоцна во свиокот бр. 4 да ја врати предноста пред Верне. Надмудрувањата продолжија понатаму откако Хомола му се одлепи на Михелис, а Таши се пушти вo борба за одбрана на третата позиција од Верне. Во меѓувреме Душан Борковиќ може да се каже дека владееше со трката пробивајќи се напред, при што успеа да ги пројде Верне и Таши на кои вниманието им беше одземено од меѓусебната борба. Иако Хомола направи предност од 7 секунди, тој мораше да се повлече во пит лејнот поради пукање на неговата предна лева гума.
Во меѓувреме во првите тројца се вмеша и Пепе Ориола, но не можеше да го задржи темпото и во последниот круг забави поради што Борковиќ успеа да заврши на втората позиција, пред Таши на третата позиција. Позади нив на четвртата позиција заврши Верне, веднаш пред неговиот тимски колега Роб Хаф на петтата позиција. Стефано Комини успеа да освои многу значајни поени на седмата позиција во неговиот автомобил Audi RS3 LMS, додека топ 10-те ги заокружија Каџаја на осмата, Ден Лојд на деветтата и Џани Морбидели на десеттата позиција.
Како за Михелис, така и за Орелиен Пани победата во втората трка беше прва победа за него во шампионатот. 22-годишниот Пани успеа да извојува многу важна победа и тоа во втората извозена рунда за него во Интернационалната серија, победувајќи како лидер од старт до цел на трката. Втората трка не беше толку напната како првата. Пани уште на стартот од трката започна да прави предност, а Џакомо Алтоа од M1RA позади воланот на Honda успеа буквално да се лансира од четвртата на втората позиција, проаѓајќи ги Кантади Кусири и Стефано Комини.
Кусири падна позади Таши и Михелис, а продолжи да се бори со Неш кој беше најдобро пласиран од тимот на Craft-Bamboo, откако Пепе Ориола не стартуваше поради проблеми со менувачот. Борбата за драгоцени поени во генерален пласман ја продолжи Верне, кој успеа да стигне до седмата позиција доближувајќи му се на Кусири. При крајот од вториот круг, Душан Борковиќ му покажа заби на Хомола на 12-тиот свиок, но отиде прешироко со тоа што му остави доволно место на Хаф да ги пројде двајцата, Борковиќ и Кусири. Но веќе во четвртиот круг Верне направи потег за проаѓање на Кусири за шестата позиција, со тоа што и Неш пробаше да пројде удирајќи во задниот дел на Кусири кој мораше да отиде прешироко и да падне на 11-тата позиција, во инцидент во кој судиите одлучија дека нема да превземат никакви мерки.
Еден круг подоцна Борковиќ успеа да го пројде Хаф, а подоцна и Неш во осмиот круг за седмата позиција, но ова беше највеќе што можеше да постигне српскиот возач во втората трка. Клучната борба се водеше за петтата позиција со Михелис кој се бранеше од ривалот за титулата (Верне) на неговиот тимски колега Таши. Но таа борба го чинеше Михелис откажување од втората трка поради проблеми со турбо полначот на неговиот автомобил. После ова, Пани излезе како победник со предност од 1.3 секунди пред Алтоа, следен од Стефано Комини кој заврши на последната позиција на подиумот. Таши заврши како четвртопласиран пред Верне на петтата позиција, додека позади него на шестата позиција заврши Борковиќ, пред Хаф, Хомола и Кусири, кој ги заокружи топ 10-те.
Моментално после Тајланд, Таши ќе продлжи во Кина со 179 поени, два поени пред Верне, и Комини за уште 12 поени поназад.