Saturday , June 19 2021
Home / Latest Articles / TCR Europe: Аскона и Бенани како први победници, ПСС Рејсинг со силен старт на Словакиаринг

TCR Europe: Аскона и Бенани како први победници, ПСС Рејсинг со силен старт на Словакиаринг

Со првата рунда на Словакиаринг, започна 2021 сезона во Европската TCR Серија. Нови возачи, нови автомобили, со истите цели и планови – борба за највисока позиција.

Викендот стартуваше со најбрзи кругови за Микел Аскона и Том Коронел на влажна патека на првиот и вториот слободен тренинг. Аскона докажа дека седан модел и долго меѓуоскино растојание не се клучни за најбрз круг на брзата Словакиаринг, но Коронел после најбрзото време на вториот слободен тренинг го докажа спротивното со освојување на пол позицијата позади волан на неговото Audi RS3 LMS.

Возачите на Македонскиот ПСС Рејсинг Виктор Давидовски и Франко Гиролами дојдоа до 12 и второ време во првиот тренинг, додека Вториот тренинг помина со осмо време за Гиролами и 10 за Давидовски, за на квалификациите Гиролами да се избори за шестата стартна позиција, а Давидовски успеа само до 17-тата.

Во првата трка победата ја однесе токму Микел Аскона кој позади воланот на неговата Cupra сепак докажа дека може да се победи и со хечбек каросерија и пократко меѓуоскино растојание разбивајќи ги тврдењата на инженерите, но сепак седан автомобилите имаа најголема брзина и агилност низ брзите свиоци на Словаиаринг. Никола Барт (Audi) заврши на втората позиција, додека Даниел Наџ (Hyundai i30 N TCR) го пополни последното место на подиумот.

Шестата стартна позиција на Гиролами му донесе 12 позиција во првата трка, додека Давидовски заврши на 13 позиција позади Гиролами, што значеше важни поени за двајцата возачи.

Во втората трка гледавме квалитетна борба помеѓу водачот и минатогодишен шампион Меди Бенани и Микел Аскона – шампионот од 2019 кој и покрај агресивните напади не успеа да го загрози Мароканецот кој додјде до прва победа за него и за неговиот нов автомобил Hyundai Elantra TCR.

Третата позиција ја освои токму Франко Гиролами од ПСС Рејсинг кој после перфектниот старт од петтата позиција успеа да дојде до третата во првиот свиок, освојувајќи нови важни поени за себе и за тимот. Давидовски ја немаше таа можност после стартот од 17 позиција, пристигнувајќи на целта една позиција поназад, на 18-тата.

Следната трка е на патеката Пол Рикар во Франција од 28 до 30 мај.

Check Also

TCR Europe: Високо квалитетен викенд за ПСС Рејсинг на Пол Рикар

Највисок пласман за Давидовски до сега во неговата кариера во TCR Europe Македонскиот ПСС Рејсинг …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *