Saturday , June 19 2021
Home / Latest Articles / TCR Europe: Аскона и Коронел најбрзи на двата слободни тренинзи на Словакиаринг, ПСС Рејсинг високо позиционирани

TCR Europe: Аскона и Коронел најбрзи на двата слободни тренинзи на Словакиаринг, ПСС Рејсинг високо позиционирани

Со првиот слободен тренинг на Словакиаринг започна 2021 сезона во Европската ТЦР Серија.

Шпанскиот возач Микел Аскона позади волан на Cupra од Volcano Motorsport дојде до најбрзо време на првата тренинг сесија (2:27.774) овој викенд на патеката Словакиаринг каде започна нова 2021 сезона во рамките на Европската ТЦР Серија.

Веднаш позади него како втор најбрз беше Франко Гиролами од ПСС Рејсинг додека трет беше Том Коронел на кого ставаме фокус овој викенд за највисок пласман овој викенд. После Коронел до топ 10 следеа Гаврилов, Борковиќ, Наџ, Барт, Хомола, Клаире и Галаш, додека Виктор Давидовски имаше 12-то најбрзо време.

Резултати од прв слободен тренинг:

На вториот слободен тренинг токму трикратниот победник на Словакиаринг Том Коронел успеа да запише најбрз круг. Тој ја помина 5935 метарската патека за 2:23.063, додека веднаш позади него за 0.454 секунди пристигна Нилс Лангевелд, а трето најбрзо време имаше Џек Јанг со заостанување од 0.777 секунди на влажната патека.

Четврти најбрз во вториот слободен тренинг беше Николас Барт, пред Душан Борковиќ, Исидро Калехас, Мато Хомола, Франко Гиролами, Клим Гаврилов, додека топ 10-те ги комплетираше токму Македонскиот возач Виктор Давидовски.

За разлика од првиот тренинг, во вториот тренинг временските услови значително се влошија, а возачите се справуваа со силниот дожд. Како и да е, викендов се очекува сончево време и сува трка.

Резултати од втор слободен тренинг:

Check Also

TCR Europe: Високо квалитетен викенд за ПСС Рејсинг на Пол Рикар

Највисок пласман за Давидовски до сега во неговата кариера во TCR Europe Македонскиот ПСС Рејсинг …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *