Saturday , June 19 2021
Home / Latest Articles / TCR Europe: Високо квалитетен викенд за ПСС Рејсинг на Пол Рикар

TCR Europe: Високо квалитетен викенд за ПСС Рејсинг на Пол Рикар

Највисок пласман за Давидовски до сега во неговата кариера во TCR Europe

Македонскиот ПСС Рејсинг тим на чело со Виктор Давидовски и Аргентинскиот возач Франко Гиролами дефинитивно имаа квалитетен старт на сезоната со освоени поени на првата рунда на Словакиаринг, резултат кој го подобрија веќе на втората рунда на Пол Рикар овој викенд, со освојување на четвртата и петтата позиција во втората трка.

На саботната прва трка Давидовски заврши на осмата позиција позади Гиролами кој заврши седми. Победата ја однесе Теди Кларе пред Феличе Јелмини и Џими Кларе кои го пополнија подиумот.

Во неделната трка Давидовски и Гиролами стартуваа од првата и втората позиција поради правилото на обратен грид од првите осум на квалификациите. Давидовски не можеше да се справи со олеснетото Peugeot на Кларе и супер брзиот Микел Аскона, кои уште на стартот се фрлија во трка помеѓу себе за победа.

Во текот на втората трка Давидовски падна на петтата позиција, за подоцна да дојде до третата, а на крај да заврши четврти со освојување на два пехари за прво место во класата „Дијамантски возачи“.

Ова за него беше најдобар резултат досега во неговата кариера во TCR натпреварите, а ние му посакуваме уште подобри резултати во иднина. До следната рунда на Зандворт…

Check Also

TCR Europe: Пол позиција за Теди Кларе на првата трка, за Давидовски на втората

Францускиот возач Теди Кларе успеа да дојде до најбрзо време на денешните квалификации за втората …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *